Дома Фудбал Миовски може да направи трансфер во Бундеслигата!

Миовски може да направи трансфер во Бундеслигата!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски би можел да добие нов предизвик во германскиот фудбал, откако интерес за него покажале две екипи од Бундеслигата.

Иако во последните недели се шпекулираше дека е можно враќање во Шкотска, поточно трансфер во редовите на Селтик, сепак шкотските медиуми сега најавуваат дека Фрајбург и Хамбургер, кој по пауза се врати во елитата, го следат 24-годишниот напаѓач.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Миовски изминатата сезона ја мина во шпанската Жирона, но таму не остави посебен впечаток. Запиша вкупно 25 настапи во сите натпреварувања, но само 11 пати беше стартер, при што успеа да постигне четири погодоци.

Сосема поинаква беше неговата улога во дресот на Абердин, каде што беше еден од најзабележителните голгетери во шкотската Премиер лига со 44 погодоци на 98 одиграни натпревари.

Можно е токму таа форма од периодот во Шкотска да му ја отвори вратата кон нова авантура, овојпат во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што се случува со англиската ѕвезда пред СП? Руни: Чудно и тажно

ЛЕГЕНДАТА на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, изрази жалење за ситуацијата на Фил Фоден од М…