Дома Фудбал Миовски денеска ги завршува медицинските прегледи и го комплетира трансферот!

Миовски денеска ги завршува медицинските прегледи и го комплетира трансферот!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно ќе заигра во шкотскиот шампионат, овојпат како ново засилување на славниот Ренџерс.

Според информациите, напаѓачот денеска во Париз ги врши задолжителните лекарски прегледи, по што ќе стави крај на својата епизода во Жирона и ќе го облече дресот на клубот од Глазгов.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ренџерс ќе плати 2,8 милиони евра на сметка на Жирона, додека уште околу пет милиони би можеле да пристигнат преку различни бонус клаузули, со што вкупниот износ на трансферот ќе достигне 7,8 милиони евра.

Миовски добро им е познат на љубителите на шкотскиот фудбал – од 2022 до 2024 година со голем успех ги бранеше боите на Абердин, пред да се пресели во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разговорот помеѓу Гвардиола и фудбалерот на центарот на теренот откри кој е првото летно засилување на „граѓаните“?

По убедливата победа на Манчестер Сити, навивачите забележаа интересен момент на центарот …