Македонската фудбалска репрезентација утре го игра натпреварот против Фарски Острови, а денеска селекторот Благоја Милевски ја одржа редовната прес-конференција.
Милевски посочи дека во денешниот фудбач нема аутсајдери, но и повторно изрази забелешка за состојбата во која е теренот.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
,,Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овие Лига на нации го играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Не очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа.
По последниот меч присутен е замор, со оглед на тоа дека истрчаа доста и одигравме напорна средба. Дополнителен проблем е теренот кој не е во сјајна состојба. Дојдовме до последното скалило и мислам дека момците ќе го дадат последниот атом на силите за да покажат карактер, па со победа да ја затвориме годината. Околу составот, се надевам дека сите ќе останат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој. Ќе има одредени промени во играта и тимот. Сепак, мора да бидеме потрпеливи од четвртокот, бидејќи се работи за слично поставен противник кој е поагресивен и поорганизиран, кој е поподготвен од Летонија. Сметам дека не очекува уште потежок натпревар. Како ќе одговориме на притисокот, ќе видиме утре. Максимално сме мотивирани, без разлика на сите математики сите сме мотивирани кога сме дојдени тука за Македонија“, изјави Милевски.