
Рома ќе го пречека Милан во дербито на италијанската Серија А, а гостите се соочуваат со поголеми предизвици пред овој меч.
Проблемите се поврзани со повреди, па така Кајл Вокер и Самуел Чуквезе нема да бидат дел од тимот за овој натпревар, а учеството на Тео Ернандез исто така е големо прашање.
Ова ќе биде втор последователен натпревар на Милан на Олимпико, бидејќи во финалето на Купот во среда беа поразени од Болоња на истиот стадион.
Тоа беше најдобрата шанса за Милан да избори учество во Лига Европа, што значи дека е голем предизвик за клубот и неизвесност дали ќе се игра на европска сцена следната сезона.
Сезоната беше доста слаба за нив, Суперкупот не значи многу…
Како што најавуваат италијанските медиуми, Лука Јовиќ ќе започне во Рим, исто како и против Болоња.
Почетниот состав на Милан би изгледал вака:
Мањан – Томори, Габијa, Павловиќ – Хименез, Фофана, Рејндeрс, Ернандез – Пулишиќ, Леао – Јовиќ.