Дома Фудбал Mилан пронајде засилување, но доби „корпа“!

Mилан пронајде засилување, но доби „корпа“!

Милан испрати понуда за фудбалерот на Стразбур, Гела Дуе, кој е постар брат на познатото крило на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе. Сепак, францускиот клуб бара двојно повеќе пари.

Новото спортско раководство на Милан, предводено од Игли Таре и тренерот Масимилиано Алегри, започна активно да работи на обновувањето на тимот за следната сезона. Во клубот веќе пристигна Самуеле Ричи, а наскоро се очекува и Лука Модриќ да го облече дресот на росонерите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се шпекулира и за евентуалниот трансфер на Душан Влаховиќ и Ардон Јашари, додека најновата цел на тимот од Сан Сиро е десниот бек на Стразбур, Гела Дуе.

Играчот од Брегот на Слоновата Коска имаше одлична сезона со сините и белите и заедно со Ѓорѓе Петровиќ обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига.

Тој претходното лето се пресели од Рен во Алзас, во трансфер вреден 6.500.000 евра. Седумкратниот шампион на Стариот континент сега понуди 15.000.000 евра за 22-годишникот, но тимот кој се наоѓа близу германската граница бара дури 35.000.000 евра.

Играчот роден во Анже оваа сезона играше и како штопер, а одлично се снајде на сите позиции по десната линија, вклучувајќи ја и онаа на крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…