Дома Фудбал Милан не бил прв избор за Модриќ: Хрватот сакал да потпише за друг тим, но го одбиле!?

Милан не бил прв избор за Модриќ: Хрватот сакал да потпише за друг тим, но го одбиле!?

Лука Модриќ ги игра последните натпревари за Реал. Капитенот на мадридскиот гигант ќе го напушти клубот по завршувањето на Светското клупско првенство, а потоа, според најавите и очекувањата, ќе потпише договор со Милан. Американскиот спортски магазин „Sports Illustrated“ пишува дека тој сакал да премине во МЛС и да им се приклучи на Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс и екипата од Интер Мајами, но притоа бил одбиен.

Како што се наведува во текстот, Интер Мајами сака уште една ѕвезда во својот тим и му беа понудени три такви. Претставниците на Лука Модриќ, Кевин Де Брујне и Нејмар контактирале со клубот за можен трансфер и сите добиле „корпа“. Де Брујне ќе игра за Наполи, а Нејмар за Сантос.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Модриќ е легенда на Реал, најтрофејниот играч во историјата на клубот, со кој освои клубски рекордни 28 трофеи и за кој одигра 594 натпревари, но го напушта по 13 години. Во септември ќе го прослави својот 40. роденден.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Босанец трогнал италијански новинар: Направил среќен да си замине и покрај елиминацијата!

Италијанскиот спортски новинар Танкерди Палмери на платформата X ја раскажа гостопримливос…