Дома Фудбал Милан наместо Влаховиќ добива напаѓач од соништата!?

Милан наместо Влаховиќ добива напаѓач од соништата!?

Седумкратниот европски шампион Милан е на чекор од остварување на најголемиот потег ова лето – доведување на голгетерот бидејќи е на чекор од ангажирањето на Виктор Бонифејс, напаѓачот кој последните две сезони ги помина во редовите на Бајер Леверкузен.

Според информациите, човекот кој во шампионската сезона на Бајер постигна 14 голови треба да пристигне на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот догодина.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Истиот извор дополнува дека Бонифејс е главна желба на новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, човекот кој инсистираше на овој трансфер.

Доаѓањето на Бонифеј веројатно значи дека Милан се откажа од Душан Влаховиќ, кој ја одржува последната година од договорот со Јувентус.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА во проблеми поради Кристијано Роналдо, можни тужби од репрезентации?

Светската фудбалска федерација може да се соочи со сериозни правни последици по одлуката д…