Дома Фудбал Mилан избира помеѓу двајца тренери – во игра и поранешниот стратег на Барселона!

Mилан избира помеѓу двајца тренери – во игра и поранешниот стратег на Барселона!

Седумкратниот европски шампион Милан денес го реши прашањето за спортски директор, назначувајќи го Игли Таре на оваа позиција. Тој, кој во минатото беше влијателен во Лацио, ќе има слична улога на “Сан Сиро” каде првата задача ќе му биде избор на нов тренер.

Актуелниот тренер на Милан, Серџо Консеисао, има уште само еден натпревар против Монца каде што ќе го заврши својот привремен ангажман во редовите на “росонерите”. Поради поразот во финалето на Купот на Италија, се чини дека самиот чувствува дека нема да ја продолжи својата работа.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Италијанските медиуми овие денови интензивно се занимаваааат со имињата што би можеле да го наследат Португалецот, при што двата главни кандидати се актуелниот тренер на Болоња, Виченцо Италијано и поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандес.

Кога станува збор за Италијано, неговата победа над Милан минатата среда во финалето на купот го истакна како логичен избор за “Сан Сиро”, но тимот западна во неизвесна ситуација бидејќи позади кулисите се споменува и интересот на Рома.

Минатата недела се пишуваше дека Италијано ќе добие договор со Болоња до 2028 година, со цел на база на успехот во купот да осигура пласман во Лигата на шампионите во следните сезони.

Фактот дека со Болоња ќе игра во Лига Европа следната сезона може да го одврати од идејата да се пресели во Милано, особено што “росонерите” нема да учествуваат во меѓународни натпреварувања во есен.

Од таа перспектива, јасно е дека Милан ќе има потешкотии да го убеди Италијано, а планот Б е да се свртат кон Чави Ернандез, кој е без клуб откако летово ја напушти Барселона.

Кога станува збор за некогашниот капитен на каталонскиот клуб, нема сигурни информации за тоа колку е блиску до преселба во земјата и лигата каде што досега не работел.

Се споменуваше и можноста за доаѓање на Маурицио Сари, но Таре од старт го исклучи тоа поради нарушени односи со тренерот од периодот на нивната соработка во Лацио.

Фото: AC Milan/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чекањето за трофеј заврши, Тотенхем ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Тотенхем ја освоија УЕФА Лига Европа, откако во големото финале во Билбао г…