Дома Фудбал Милан има нова деветка за следната сезона!

Милан има нова деветка за следната сезона!

Како што пренесува Коријере дело спорт, Милан најде нова деветка за следната сезона.

Филкруг се враќа во Вест Хем бидејќи не успеа да ги задоволи очекувањата во ова полусезона, а на негово место доаѓа напаѓачот на Челзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Николас Џексон моментално е во Бајерн Минхен, но Баварците нема да го откупат неговиот договор, ниту Челзи го сака назад во своите редови, па е пронајдено решение кое ги задоволува сите страни.

Џексон има 24 години, а оваа сезона на 27 натпревари постигна осум гола и додаде четири асистенции.

Кариерата ја започна во младинските редови на Вилјареал, од каде што во летото 2023 година премина во Челзи за 37 милиони евра. Бајерн Минхен плати 16 милиони евра за неговата позајмица, но нема да го откупат договорот на Сенегалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…