Дома Фудбал Милан има намера да го врати Тонали

Милан има намера да го врати Тонали

Главен приоритет на Милан во летниот трансфер период ќе биде враќањето на Сандро Тонали, кој моментално игра за Њукасл.

Тонали беше продаден на Њукасл пред две години за 70 милиони евра. Во клубот сега сметаат дека тоа бил погрешен потег бидејќи Италијанецот беше вистински водач на екипата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата сезона Тонали не ја играше поради суспензија, но оваа година одлично настапува во дресот на Њукасл и за италијанската репрезентација.

Ако Њукасл не се квалификува за Лигата на шампиони, можеби ќе се определи да го продаде Тонали. Милан е подготвен да понуди 50 милиони евра за да го врати на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш откри што треба да направи Манчестер Јунајтед за да го задржи

Капитенот на „црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш откри што очекува од клубот за да биде убед…