
Дефанзивецот на Барселона Жерар Мартин се наоѓа на листата на желби на Масимилијан Алегри.
Овој 23-годишен лев бек и по потреба и лев стопер, сезонава доби голема доверба од Ханси Флик, бидејќи одигра дури 33 натпревари во сите натпреварувања и тоа често во центарот на одбраната.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со своите добри настапи го привлече вниманието на многу тимови низ Европа, а прв на ред е Милан.
“Росонерите” веруваат дека Жерар Мартин е право засилување за одбраната на Милан и подготвуваат понуда за универзалецот на Флик.
Интересно е што поради своите настапи оваа сезона Мартин го доби прекарот „Жерар Малдини“, и неговите соиграчи така го нарекуваат во соблекувалната.
Мартин дојде во Барселона летото 2023 година како анонимец од Корнела и тоа за само 100.000 евра, додека Трансфермаркт денес ја проценува неговата вредност на 20.000.000 евра.