Дома Фудбал Милан го продава Бенасер во Саудиска Арабија

Милан го продава Бенасер во Саудиска Арабија

Саудискиот Ал-Итихад дал понуда на Милан за играчот од средината на теренот Исмаел Бенасер во износ од околу 10 милиони евра, известува “Газета дело спорт”.

Николо Скира додава дека тимот на Карим Бензема му понудил на алжирскиот репрезентативец тригодишен договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бенасер не е во плановите на новиот тренер на “росонерите” Масимилиано Алегри, па клубот бара купувач за него. 27-годишниот играч од средината на теренот е дел од Милан од летото 2019 година и има 178 натпревари со 8 голови и 12 асистенции за тимот.

Оваа пролет тој играше на позајмица во Марсеј и запиша 12 натпревари со 2 асистенции за Французите, но тие одлучија да не ја активираат опцијата за купување во износ од 12+3 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…