Лука Јовиќ минатото лето го продолжи договорот со Милан, но воопшто не игра па клубот сака да се ослободи од него.
Милан покрај Мората во последните денови од трансфер пазарот го донесе и Абрахам од Рома, па Јовиќ моментално е трет избор во нападот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Новиот тренер Консеисао му порачал дека нема да смета на него и слободно да си бара нов клуб.
Милан е подготвен да го пушти без обештетување за да заштеди на неговата плата, но се уште нема заинтересирани клубови.
Јовиќ беше хит напаѓач во 2019 година, кога од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра, а од тогаш неговата кариера оди во надолна линија.