
Од Милан имаат намера да се засилат со нов центарфор во јануари, а една од опциите за тоа е Никлас Фюлкруг од Вест Хем, известуваат во Италија.
Германскиот репрезентативец е една од опциите која најмногу му се допаѓа на раководството на клубот, и се очекува во наредните денови да се интензивираат контактите со неговите претставници и англискиот клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најверојатно „росонерите“ ќе се обидат да го земат Фюлкруг на заем до крајот на сезоната, откако Сантиаго Хименес и Кристофер Нкунку имаат потешкотии со постигнувањето голови во тековната сезона. Во меѓувреме, 32-годишниот играч нема постигнато ниту еден гол во досегашните осум натпревари во Премиер лигава сезона.