Дома Фудбал Милан беше оштетен при ремито со Сасуоло, призна судискиот шеф

Милан беше оштетен при ремито со Сасуоло, призна судискиот шеф

Екипата на Милан беше оштетена за време на домашната средба против Сасуоло од минатиот круг во Серија “А”, која заврши нерешено 2:2. Ова го призна Андреа Де Марко, кој е еден од раководителите на судењето во италијанскиот фудбал.

Станува збор за ситуацијата во 57-та минута, кога Кристијан Пулишиќ постигна гол за 3:1 во корист на “росонерите”, но неговиот гол беше поништен од главниот судија Валерио Крецини поради фаул во нападот на Рубен Лофтис-Чик против Фали Кандé секунди претходно.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Во овој случај, играчот на Милан ги постави рацете на грбот на Фали Кандé. Треба да се оцени интензитетот на дејството. ВАР не може да интервенира во овој случај, но според годинешните упатства за фаули, ова не може да се смета за прекршок. Следствено на тоа, голот требаше да биде признат“, објасни Де Марко во емисијата Open VAR на DAZN.

Тој исто така коментираше и друга спорна ситуација, која дојде во последните секунди на средбата. Тогаш гостите не добија пенал во нивна корист поради потенцијален фаул на Страхиња Павловиќ против Уалид Чедира. „Во овој случај, судијата на теренот извонредно ја процени ситуацијата, а судиите од ВАР Пронтера и Мареска исто така добро се справија, бидејќи, како што јасно се гледа, Павловиќ продолжува да трча праволиниски, додека Чедира го испружува ногата, за да го пресече патот на својот противник. Правилна одлука, браво за сите“, изјави поранешниот судија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи и постои можност да заигра во Суперкупот…