
Играчот за врска на Интер, Хенрик Мхитарјан не го криеше гневот по поразот од Ливерпул. Тој го нарече пеналот досуден на Меаца престрог и неправеден. Ерменскиот фудбалер тврди дека натпреварот требаше да заврши нерешено.
Пеналот досуден во дуелот меѓу Интер и Ливерпул и понатаму е главна тема на шестото коло од Лигата на шампионите. Одлуката на судијата, по која „црвените“ го постигнаа единствениот гол на натпреварот, ја подигна на нозе италијанската јавност.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ни Хенрик Мхитарјан не ја сокри фрустрацијата поради одлуката која, според неговото мислење, го решила натпреварот. Интер беше рамноправен, но без награда.
Мхитарјан отворено кажа дека никогаш не би свирел таков пенал.
„Ако досудите пенал за ова, тогаш секој контакт во шеснаесетникот е пенал.”
“Беше тоа изедначен натпревар, никој не заслужуваше победа. Најправедно беше да се заврши нерешено. Пеналот не постоеше, но тоа е фудбалот. Не сме задоволни”, рече Мхитарјан.
.PENALTY FOR LIVERPOOL 🤯🔥pic.twitter.com/iDpaJIgBMz
— KinG £ (@xKGx__) December 9, 2025