Откако се одложи натпреварот помеѓу Вардар и Елверум во второто коло во Лигата на шампионите, сега прашање е дали македонскиот претставник ќе игра и против ПИК Сегед кој за разлика од дуелот против Елверум Вардар треба да го игра на гости.
Денес ПИК Сегед објави дека уште еден нивни играч е заразен со коронавирус. Со овој случај во овој тим има веќе седум заразени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целиот тим на ПИК Сегед е во карантин, а билетите кои беа пуштени во продажба за овој натпревар се повлечени од продажба. Ќе потсетиме, планирано беше натпреварот да се игра пред 30% публика од капацитетот на салата. Сепак, сега е големо прашање дали ќе се игра овој натпревар.
Во сооштението од ПИК Сегед наведуваат дека се во контакт со Вардар и Кјелце со кого играа минатата недела, но и со ЕХФ. Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука.