Дома Актуелно Meсто отказ, нов договор: Последниот тим на табелата во Премиер лигата ја продолжи соработката со тренерот Купер

Meсто отказ, нов договор: Последниот тим на табелата во Премиер лигата ја продолжи соработката со тренерот Купер

Иако Нотингем Форест е последен тим на табелата во Премиер лигата и се најавуваше промена, сепак Стив Купер потпиша нов договор со важност до 2025 година.

Се шпекулираше дека Купер ќе биде отпушен затоа што резултатите не се онакви какви што се очекуваше после 22 засилувања и потрошени 160 милиони фунти на засилувања, но од клубот изненадија со потврдата дека ја продолжиле соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од почетокот на сезоната Нотингем има само една победа, последен тим се на тбаелата и на последните пет натпревари имаат пет порази, примија 18 гола.

За викендот тимот на Стив Купер ќе ја пречека Астон Вила, а навивачите се надеваат на втората победа во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Алонсо на таен состанок барал четири засилувања за 400 милиони: „Тоа е мојот услов”

Откако го напушти Реал Мадрид, Хаби Алонсо е блиску до нова ангажираност и наводно треба д…