Дома Фудбал Репрезентации Meсто да слават Португалците имаат проблеми со Роналдо – одбил да тренира со резервите!

Meсто да слават Португалците имаат проблеми со Роналдо – одбил да тренира со резервите!

Место денес Португалија во целост да ја слави убедливата победа против Швајцарија во четвртфиналето од 6:1, главна тема е Кристијано Роналдо кој според португалските медиуми утрово не ги почитувал насоките на селекторот Сантош.

Вчера Фернандо Сантош се одлучи да го остави Роналдо на клупата и предност му даде на Гонсало Рамош. Не погреши Сантош затоа што 21-годишникот блесна со три гола и една асистенција. Роналдо ги одигра последните 20-тина минути од натпреварот кога натпреварот веќе беше решен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е пракса фудбалерите кои вчера беа стартери утрово работеле во теретана, додека резервистите работат на терен со топка.

Бидејќи Роналдо вчера не беше помеѓу стартерите денес требало да тренира со резервистите, но Португалецот самоволно си заминал во теретана со првотимците и тренингот го одработил таму.

Засега нема информации во медиумите дали имало Реакција на селекторот Сантош поради ваквиот однос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…