Како што пренесувaat медиумитеЛионел Меси сака на „Паркот на принцовите“ да го донесе трофејот наменет за светскиот шампион.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен и од пред неколку дена светскиот шампион со Аргентина, Лионел Меси, побарал од својот клуб да му дозволи да го донесе трофејот светски првак пред навивачите на првиот домашен натпревар на ПСЖ кој следи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од клубот не се воодушевени од ова барање, а како што се наведува, не се ни сигурни дека тоа е добра идеја со оглед на тоа што Аргентина во финалето ја победи Франција и се сомневаат дека реакцијата на навивачите би била негативна.
Покрај сето тоа, тука е и фактот што соиграчите на Меси од репрезентацијата по победата го исмеваа Килијан Мбапе, а Меси веќе доби бројни критики за молчењето на однесувањето на голманот Емилијано Мартинез кон својот млад соиграч.
Пари Сен Жермен ја продолжува сезоната со дуелот против Стразбур на домашен терен на 28 декември.