Дома Топ вести Meси потпиша за Интер Мајами, но Барселона ќе го плаќа до 2025 година

Meси потпиша за Интер Мајами, но Барселона ќе го плаќа до 2025 година

Жоан Лапорта го минува вториот мандат како претседател на Барселона, но истиот е исполнет со многу предизвици поради финансиските проблеми со кои се соочуваше финансискиот гигант.

Каталонците беа принудени да се откажат од Лионел Меси, а Лапорта летово се обиде да го врати, меѓутоа ситуацијата во клубот и понатаму е комплицирана, па враќање на Аргентинецот не беше можно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меси на крајот потпиша за тимот од МЛС лигата, Интер Мајами, меѓутоа Лапорта сега откри една непознаница, а тоа е дека Меси е се уште на платниот список на Барселона и ќе биде до 2025 година.

„Со Ла Лига имавме договор да пренасолиме дел од нашите ресури кон Меси. Имав разговор со Хорхе Меси кој ми кажа дека Лео поминал две тешки години во Париз и сега сака да игра на место каде што ќе има помал притисок. Барселона сигурно не е такво место. Имам разбирање за неговата одлука и му посакувам среќа“.

„Она што клубот му го должи на Меси е нашиот платен биланс и едел од неговиот договор со претходната управа. Плаќањата ќе траат до 2025 година“, откри Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видете ја неверојатната одбрана на Де Геа🎥

Давид де Геа после една година пауза се врати меѓу стативите и брани одлично во дресот на …