Дома Фудбал Останато Meси вчера сруши рекорд на Роналдо во Лигата на шампионите

Meси вчера сруши рекорд на Роналдо во Лигата на шампионите

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси урна уште еден рекорд на неговиот вечен ривал Кристијано Роналдо по број на постигнати голови надвор од казнениот простор во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПСЖ синоќа славеше со 7-2 против Макаби Хаифа во петтото коло од групата Х во ЛШ, а Меси постигна два гола, и тоа во 19. и во 44. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меси вториот гол го постигна надвор од шеснаесетникот на гостите, а тоа беше негов 23. гол кој го дал од таа зона, па така го надмина Роналдо кој има постигнато еден помалку.

Роналдо е најдобар стрелец во историјата на ЛШ со 140 голови, додека Меси стигна до 129. погодоци во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужија: Одбојкарите за пласманот на Европското првенство ќе бидат наградени со богата премија!

Македонските одбојкари вчера испишаа нова страница во спортската историја – со триумфот пр…