
Лионел Меси (38) за време на својата турнеја во Индија доби невообичаено вреден часовник од еден милион евра, кој му го предаде синот на еден индиски милијардер. Аргентинската фудбалска икона беше на четиридневно патување што вклучуваше посети на Колката, Хајдерабад, Мумбаи и Њу Делхи, пишува The Sun.
Во завршните денови од турнејата, Меси го посети глобалниот центар за спасување и зачувување на дивиот свет Вантара во Џамнагар. Центарот е во сопственост на индискиот магнат Мукеш Амбани, а токму неговиот син, Анант Амбани, реши да ја изненади поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На Меси му беше предаден часовник Richard Mille, вреден околу милион евра, еден од само 12 изработени примероци. Станува збор за ограничена серија RM 003-V2 GMT Tourbillon Asia Edition со црно куќиште од карбон и транспарентен бројчаник.
🇮🇳⌚️ За време на неговото патување во Индија, Лионел Меси доби подарочен Richard Mille RM 003 V2 „Asia Edition“, уникатен часовник.
— Messi out of Context (@OutMessi_) December 16, 2025
Тоа е еден од првите и најиконични модели на Richard Mille, со проценета пазарна вредност од 1,1 милијони долари. pic.twitter.com/i3auIoEyNT
Овој редок Richard Mille часовник ќе стане дел од богатата колекција на Меси. Аргентинецот порано е забележан како носи розов часовник Barbie Daytona со вредност од 700 илјади фунти, како и Rainbow Daytona часовник чија вредност се проценува на 505 илјади фунти.