Дома Фудбал Meси им верува на Американците: Мундијалот ќе биде посебен!

Meси им верува на Американците: Мундијалот ќе биде посебен!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, истакна дека Светското првенство во Америка, Канада и Мексико ќе биде нешто навистина специјално.

Веќе две и пол години Меси живее во Мајами и игра за тимот на Интер од Мајами, кој е дел од МЛС лигата, а сега Светското првенство доаѓа во Америка.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Иако веќе го знаев ова, особено за Мексико, сепак бев позитивно изненаден од страста која ја имаат САД и Канада кон фудбалот. Исто така, мислам дека во последниве години, според моето мислење, или бидејќи не знаев многу за тоа, се забележува значителен пораст и важна промена во бројот на обожаватели на играта кои уживаат во спектаклот, кои се страстни во љубовта кон своите клубови и каде што фудбалот се доживува над се’“, изјави Меси.

Аргентинецот потоа продолжи со пофалбите за Мексико.

„Мексико отсекогаш имало извонредна лига, со многу врвни тимови што располагаат со квалитетни играчи, финансиски стабилни, што ќе биде навистина прекрасно, а потоа, кога зборуваме за организацијата во САД, народот и јас очекуваме нешто неверојатно бидејќи тие се навикнати да создаваат големи настани, а ова е најважниот светски настан во фудбалот, па верувам дека ќе бидат на висина на задачата за да сите уживаат во сè“, потенцираше Меси.

Актуелниот светски првак со Аргентина ја поддржа иницијативата на САД, што успеа да го привлече најголемиот фудбалски настан во светот на своето копно.

„Очекувам нешто неверојатно бидејќи Американците се навикнати да организираат големи настани, а ова е најзначајниот фудбалски настан, па верувам дека ќе бидат подготвени да понудат извонредно искуство за сите“, изјави Меси, кој во 2022 година го подигна трофејот на светски првак во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човек да не поверува: Денес најдобриот стрелец на Арсенал некогаш играше стопер во Борусија!

Еволуцијата на фудбалот понекогаш носи неочекувани и генијални потези од страна на тренери…