Милан покажува сериозен интерес за Жоао Феликс и сака да го доведе во крајот на преодниот рок.
Феликс не е задоволен во Челзи, па неговиот агент Жорге Мендеш пристигна во Италија да го договори трансферот.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Милан подготвува понуда според која Феликс би дошол на позајмица во траење од 18 месеци, по што Италијанците би имале можност да го откупат летото 2026 година за околу 35 милиони евра.
Милан ќе прави големи промени во нападот и ќе ги продаде Мората и Окафорд, а на нивно место може да пристигнат Гименез и Жоао Феликс.
📰 @NicoSchira: Jorge #Mendes is in Italy and will talk with #ACMilan in the next hours about #JoaoFelix’s possible deal from #Chelsea on loan. pic.twitter.com/YuamrUjU52
— Milan Posts (@MilanPosts) January 31, 2025