Кривичниот суд во Монако го осуди напаѓачот на Коринтијанс, Мемфис Депај на четири месеци условна затворска казна, што значи дека Холанѓанецот нема да оди зад решетки доколку не прекрши одредени услови!
Депај, поранешен играч на Барселона, Атлетико и Манчестер Јунајтед, беше обвинет дека минатото лето возел Ролс Ројс низ улиците на Кнежеството додека бил под дејство на алкохол.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Според RMC, Мемфис наводно бил позитивен на алкохол, а тестот бил направен околу 5:30 часот наутро – откако посетил два ноќни клубови.
Покрај условната казна од четири месеци затвор, ќе треба да плати и парична казна од 9.000 евра. Нему му е изречена забрана за возење во Кнежевството во следните две години.
Напаѓачот на Коринтијанс, кој ги призна обвиненијата, сега има две недели да поднесе жалба на пресудата.