Дома Фудбал Мемфис Депај осуден на четири месеци затвор

Мемфис Депај осуден на четири месеци затвор

Кривичниот суд во Монако го осуди напаѓачот на Коринтијанс, Мемфис Депај на четири месеци условна затворска казна, што значи дека Холанѓанецот нема да оди зад решетки доколку не прекрши одредени услови!

Депај, поранешен играч на Барселона, Атлетико и Манчестер Јунајтед, беше обвинет дека минатото лето возел Ролс Ројс низ улиците на Кнежеството додека бил под дејство на алкохол.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Според RMC, Мемфис наводно бил позитивен на алкохол, а тестот бил направен околу 5:30 часот наутро – откако посетил два ноќни клубови.

Покрај условната казна од четири месеци затвор, ќе треба да плати и парична казна од 9.000 евра. Нему му е изречена забрана за возење во Кнежевството во следните две години.

Напаѓачот на Коринтијанс, кој ги призна обвиненијата, сега има две недели да поднесе жалба на пресудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ му се развика на Винисиус на мечот против Леганес (Видео)

Реал Мадрид со многу потешкотии го обезбеди пласманот во полуфиналето од Копа дел Реј, сов…