Дома Фудбал Мејну незадоволен од статусот во Јунајтед и сака да си замине, Реал и Атлетико ја следат ситуацијата

Мејну незадоволен од статусот во Јунајтед и сака да си замине, Реал и Атлетико ја следат ситуацијата

Коби Мејну сака да си замине од Манчестер Јунајтед! Причината е неговото незадоволство од статусот под Рубен Аморим.

Сезоната започна, а момчето кое наполни 20 години воопшто не е задоволно од својата улога, бидејќи ја нема! Засега. Рубен Аморим го стави во втор план, не се вклопува во формацијата што сака да ја форсира и му ја резервираше клупата. Алтернатива е Бруно Фернандеш во кого има огромна доверба, што значи дека Коби Мејну нема да се наигра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Можеби ситуацијата би се променила, но англискиот играч од среден ред повеќе би сакал да не гледа во гравот. Тој е подготвен да си замине од Манчестер Јунајтед, со услов да премине во клуб кој игра во Лигата на шампионите. Тоа е условот. Сака да биде видлив на најголемата сцена, а наводно, според пишувањата на Дејли мејл, вниманието го привлекоа мадридските клубови – Реал и Атлетико.

Тие ја следат ситуацијата внимателно. И тоа е сè. Засега. Премногу простор за маневар нема. Позајмица би била пожелен избор за Коби Мејну, но тоа не оди во прилог на Манчестер Јунајтед. Не би донело повеќе пари во касата, а Рубен Аморим би имал една алтернатива помалку во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …