Дома Останати Тенис Медведев направи чуден потег среде меч – ја стави главата во фрижидер (Видео)

Медведев направи чуден потег среде меч – ја стави главата во фрижидер (Видео)

Рускиот тенисер Данил Медведев направи необичен потег за време на натпреварот на Мастерс во Синсинати, обидувајќи се да се разлади поради високите температури и влажноста, но тоа не му помогна да избегне пораз.

Бившиот број 1 во светот, кој како 12. носител беше слободен во првото коло, го започна натпреварот со дуел против Австралијанецот Адам Волтон во втората рунда. Русинот го освои првиот сет со 7:6 (0), но во вториот изгуби 4:6.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во одлучувачкиот сет, при водство на Волтон од 4:1, следеше пауза, а Медведев тогаш изведе необична сцена – буквално ја потопи главата во фрижидер покрај теренот за да се разлади. Снимената сцена брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатна грешка на Медведев го круниса Синер за шампион на Индијан Велс

ЈАНИК СИНЕР триумфираше на Мастерс турнирот во Индијан Велс, победувајќи го во финалето Да…