
Руското тениско чудо Данил Медведев и неговиот долгогодишен тренер Жил Сервара во понеделникот соопштија за прекинување на нивната осумгодишна соработка, неколку дена по изненадувачкото испаѓање на првиот круг од US Open.
Сервара, прогласен за најдобар тренер во 2019 година, одигра суштинска улога во освојувањето на 20 титули од страна на Медведев, вклучувајќи ја победата на US Open во 2021 и на финалето на ATP во 2020.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Одлуката за оваа раздвоеност дојде како резултат на слабите изведби на грен-слемите оваа година, каде што Медведев заврши во првото коло на три од четирите големи турнири, а на третиот турнир загуби во второто коло.
“Благодарен сум што ми бевте поддршка сите овие години. Ќе видиме што ни носи иднината”, напиша Медведев на социјалните мрежи.
“Даниле, нашето фантастично осумгодишно патување завршува. Како симболично затворање на едно поглавје, по овој УС Опен ја затвораме нашата соработка. Ќе се вратиш, сигурен сум”, напиша Сервара на социјалните мрежи.