Американската тенисерка Медисон Киз го освои Отвореното првенство на Австралија, откако во финалето ја победи Арина Сабаленка со 2:1 (6:3, 2:6, 7:5).
Американката која е 14. тенисерка на светската ранг листа направи голем подвиг и ја освои својата прва грен слем титула со победи над двете најдобри тенисерки на ВТА турнејата. Двете победи ги постигна откако одигра големи борби во три сета.
Викендов дербито во Манчестер! Интересно е и во Серија А и Бундеслига! ↓↓↓
Девојката која долго време е присутна на ВТА турнејата и пред ова имаше играно само едно грен слем финале, конечно ја круниса својата кариера со најзначајниот трофеј. Никој нема да има што да ѝ замери за ова, бидејќи на патот до трофејот ги победи двете најдобри тенисерки на ВТА турнејата Ига Швјонтек и Арина Сабаленка.
Со оваа победа, Киз ќе го изедначи најдобриот ранкинг во својата кариера, а тоа е седмото место.