Денес во ракометната Суперлига на Македонија се одиграа два натпревари.
Металург го совлада Работнички со 26:22, додека тимот на КЛ7 славеше против Пролет со 32:30.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овој триумф клубот од Автокоманда остана перфектен во групата Б со четири победи. Металург оваа победа го враќа на победничкиот колосек после заминувањето на тренерот Зоран Кастратовиќ и неколкуте позитивни ракометари на Ковид-19. Уште на полувремето Металург водеше со 15:8 со што покажа дека и со домашни ракометари може да се справи со Рабонтички. Најефикасен беше Мартин Серафимов кој псотигна седум голови. Кај Работнички Тоше Ончев исто така беше стрелец на седум гола.
Во вториот натпревар како што споменавме КЛ7 го победи Пролет со 32:30. За дебитанотот во најсилната конкуренција во Македонија ова беше втора победа сезонава.