Дома Топ вести Meси за „Би-Би-Си“ го објасни најтешкиот момент: Плачевме со Антонела, мислевме како ќе им кажеме на децата

Meси за „Би-Би-Си“ го објасни најтешкиот момент: Плачевме со Антонела, мислевме како ќе им кажеме на децата

Лионел Меси вчера и официјално стана фудбалер на ПСЖ.

После потпишувањето на договорот Меси за „Би-Би-Си“ зборуваше за моментот кога сфатил дека повеќе нема да биде фудбалер на Барселона. Веста му била пренесена од неговиот татко Хорхе кој преговарал со клубот.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Ми кажа дека не можам да потпишам нов договор и тоа и го пренесов на Антонела. Плачевме, ни беше тешко и размислуваме како да им кажеме на децата затоа што уште во декември им кажавме дека ќе останеме во Барселона. Знаевме колкав проблем ќе биде тоа за нив, посебно за Тијаго. Некогаш премногу мислиме на тоа, но децата знаат да ги прифатат работите на начин на кој не очекуваме“.

„Тијаго е како мене, пати од внатре но тоа не го покажува, сега е во ред. Ќе се прилагодат сите. Ќе биде ново искуство кое ќе придонесе за неговиот личен развој“.

Барселона на социјалните мрежи објави дека нема да биде постигнат договор со Меси.

„После објавата од Барселона не знаевме што да правиме. Нервоза и неизвесност…Кога ќе почнам, каде ќе одам, промена за семејството. Беше комплицирано да кажам збогум. Започнав преговори со ПСЖ и мислев на тоа што ќе се промнени. Во тој момент почнав да се припремам на личен план и да го припремам семејството“, објасни Меси за „Би-Би-Си“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот ја заврши кариерата

Со завршувањето на сезоната 2023/24 официјално заврши професионалната кариера на еден од н…