Дома Фудбал Meси: Жалам што немам дрес од Роналдо или Роберто Карлос

Meси: Жалам што немам дрес од Роналдо или Роберто Карлос

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси имаше интервју за аргентинскиот „Оле“ во кое зборуваше на разни теми, меѓутоа неговата иднина во дресот на Барселона не беше тема.

Меси во својата кариера има огромен број дресови од разменувањето со ривалите, а признава дека жали што не успеал во неговата колекција да додаде дрес од бразилскиот Роналдо или Роберто Карлос.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„На почетокот не се интересирав многу, подоцна почнав да посветувам повеќе внимание на дресовите. Сега жалам што не барав дресови од фудбалери против кои играв кога бев млад, на почетокот на кариерата. Ќе беше убаво во колекцијата сега да имав дресови од еден Роналдо или Роберто Карлос“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше стартер во Барселона, заработи милиони, а сега на 41 година работи во продавница

Поранешниот играч на Барселона и Валенсија, Жереми Матјe, проговори за тешката реалност на…