Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Meси доби понуда од еден милион долари да ја продаде црната наметка

Meси доби понуда од еден милион долари да ја продаде црната наметка

Изненадување и за самиот Меси беше веројатно кога катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал-Тани му подари свечена наметка пред да го подигне трофејот.

Пошироката јавност не знаеше во тие моменти за што точно станува збор, но подоцна стигна објаснување дека станува збор за наметка која се носи за специјални пригоди и на тој начин катарскиот емир покажал голема почит кон Меси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега Меси доби понуда од еден милион долари од оманскиот милијардер Ахмед ал Барвани кој сака да ја купи таа иста наметка.

„Пријателе, Меси прво сакам да ти честитам за освојувањето на светското првенство. Воодушевен бев кога катарскиот емир ти ја стави наметката која е симбол на добродушноста и на мудроста.

Сега ти нудам еден милион долари за да ми ја продадеш наметкатa. Бев присутен на стадионот ви живо го следев тој свечен момент. Тоа беше порака до светот за нашата култура“, објави Ал Барвани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…