Ирскиот Борец Конор Мекгрегор спектакуларно се врати во ММА нокаутирајќи го Доналд Серон за само 40 секунди.
Мекгрегор изгледаше одлично, додека на прес-конференција го изрекламира своето виски и порача дека би се борел со секого.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Велтер ми се допаѓа. Јас сакам да менувам дивизии. Се чуствувам одлично, во форма сум, но морам да продолжам да работам за да се вратам на нивото на кое бев пред паузата. Секоја будала може да биде мој следен противик. Буквално секој, удри и оваа будала што седи на масава, воопшто не ми е важно кој е мој следен противник“, изјави Ирецот.
Кога Конор кажа „будалава на масава“ мислеше на Пол Фелдер кој е борец, но во моментов работи како коментатор и го критикуваше Конор.