Најголемата ММА ѕвезда Конор Мекгрегор објави кога ќе се враќа во октагон.
Мекгрегор на Твитер објави дека прифатил понуда за УФЦ борба со Дастин Пориер и таа борба би требало да се случи на 23. јануари 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прифатив, 23 јануари е датумот“, напиша Конор и најави дека оваа борба може да се случи на стадионот на Далас Каубојс во Тексас.
За Мекгрегор ова ќе биде прв меч откако пред една година го победи Доналд Серон само после 40 секунди.
I accept, Jan 23rd is on!
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 14, 2020
My goal is to see this fight take place in Cowboy stadium. Proper Style! Jerry Jones is a friend and the stadium can hold our crowd. I will be ready for Texas and Texas will be ready for my fans!
Then Manny. #McGregorSportsandEntertainment