Американскиот милијардер Тод Боели потроши повеќе од 600 милиони евра на засилувања, но при потпишување на договорите направил „аматерски“ грешки.
Боели потпишал повеќегодишни договори за да избегне прекршување на Финансискиот фер-плеј, но во останати делови од договорите потпишале дека ќе им биде намалена платата за 25 отсто на ѕвездите ако Челзи не избори пласман во Лига на шампиони (ЛШ) до крај на сезоната.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со оглед на тоа дека тимот од Лондон е далеку од позициите кои водат во ЛШ, тоа може да предизвика незадоволство и заминување на дел од фудбалерите по само неколку месеци.
„Сините“ се оддалечени 11 бодови од топ-4 и мора да ја подобрат формата ако сакаат да се пласираат во ЛШ.