
Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои Златната топка за 2025 година по големата борба со Ламин Јамал од Барселона.
Јамал за малку не успеа во трката за престижната награда, но како утеха по втор пат последователно ја доби наградата за најдобар млад играч во светот.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Многумина сметаат дека Дембеле заслужено го доби ова ласкаво признание, а веднаш пристигнаа и бројни коментари.
Се огласи и Килијан Мбапе, кој беше пресреќен за Дембеле.
Познато е дека Дембеле и Мбапе од порано се во добри пријателски односи, а сега ѕвездата на Реал му имаше кратка порака.
„Какво возбудување, брате! Заслужуваш 1000%”, напиша Мбапе. И Килијан Мбапе беше во годинешниот избор за Златната топка и заврши на седмото место во конечниот поредок.
Во Топ-3 покрај Дембеле и Јамал заврши Витиња, а во Топ-5 беа уште Мохамед Салах и Рафиња.