Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе разговараше со новинарите во пресрет на натпреварот на шпанскиот тим против Салцбург во Лигата на шампионите.
Почетокот на неговата кариера во Реал Мадрид не беше баш најсветлиот, па Мбапе објасни што се случило:
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Мислам дека тоа беше ментален проблем, но во одреден момент сфатив дека морам да работам повеќе. Премногу размислував што да правам. Дали да одам во делот од теренот на Винисиус или кај Родриго… А кога премногу размислувате, не можете да играте“, изјави Мбапе.
Тој објасни како се ослободил од „менталното дно“:
Физички бев добро, бев дел од групата, но знаев дека морам да направам повеќе“. Тоа беше и моментот кога работите се сменија. Не можеше да биде полошо, кога го допрев дното, можев само да одам напред“, изјави Французинот.
Вечерва од 21 часот се среќаваат Реал и Салцбург.