Дома Фудбал Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога ќе го пропушти натпреварот против Хетафе в среда.

Покрај тоа, неизвесен е за саботното финале на Кралскиот куп против Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Го мачи повредата и не може да му помогне на тимот. Се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и од тогаш е на терапии. Прави сé што може за да биде достапен в сабота“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, на денешната прес-конференција.

Мбапе поради суспензија не играше во неделата против Атлетик Билбао.

Фото: Реал Мадрид/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков татко, таков син: Реал Мадрид тргнува по синот на Роналдо!?

Од Мадрид доаѓа изненадувачка вест: Кристијано Роналдо Жуниор би можел да потпише договор …