Дома Фудбал Мбапе го посакува Атлетико во осминафинале на ЛШ затоа што го нервира една работа

Мбапе го посакува Атлетико во осминафинале на ЛШ затоа што го нервира една работа

Францускиот ас Килијан Мбапе го живее својот сон во Реал Мадрид откако со хет-трик против Манчестер Сити покажа дека конечно постигнал ниво на самодоверба која ја чекаше откако пристигна во кралскиот клуб, но е истовремено и свесен дека головите ништо не значат ако недостасуваат трофеи.

Мбапе немаше среќа да во сезоните на доминација на ПСЖ во француското првенство ги круниса плодоносните години со титула европски шампион, но впечатокот е дека сега е моментот да го стори тоа во дресот на Реал Мадрид, нешто што може да се насети од неговите зборови по пласманот во осмина финалето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Секогаш сум велел дека не сакам само да го остварам мојот сон, туку и да играм добро. Сакам да започнеме нова ера. Знам дека не можев да играм полошо отколку што играв на почетокот во Реал. Едноставно морав да започнам да играм со повеќе самодоверба. Што се однесува до головите – не си поставувам цели. Ако можам да постигнам 50 голови, ќе ги постигнам. Можеби дури и повеќе. Но во мојата кариера често се случувало да постигнам многу голови ч без да освојам трофеи. Ако можам да постигнувам голови и да победуваме, веднаш прифаќам таа варијанта”, рече францускиот фудбалер по натпреварот.

Реал во петок ќе го добие противникот во борбата за четвртфиналето на Лигата на шампионите, а веќе сега е јасно дека шпанскиот великан може да се соочи со Атлетико Мадрид или Баер од Леверкузен.

„Искрено, повеќе би сакал да го извлечеме Атлетико. И тие и Баер се силни тимови, па во двата случаи ќе ни биде тешко. Но во следната рунда би ни било подобро да не патуваме толку многу – досега премногу патувавме”, заклучи Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…