Дома Фудбал Mбапе го победи ПСЖ, францускиот гигант ќе мора да му исплати богатство!

Mбапе го победи ПСЖ, францускиот гигант ќе мора да му исплати богатство!

Францускиот суд ја донесе конечната одлука со која актуелниот европски првак, тимот на ПСЖ, мора на својот поранешен напаѓач Килијан Мбапе да му исплати 60 милиони евра.

“Ова е победа,” изјави Фредерик Касеро, една од адвокатките на Килијан Мбапе. Судот исто така нареди веднашно спроведување на одлуката, што значи дека ПСЖ треба веднаш да го исплати наведениот износ по добивањето на пресудата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Оваа пресуда служи како потврда дека преземени обврски мора да се почитуваат. Таа воспоставува една едноставна вистина: дури и во индустријата на професионалниот фудбал, работното право важи за сите,” се наведува во соопштението од играчите адвокати.

Господин Мбапе педантно ги почитуваше своите спортски и договорни обврски цели седум години, без исклучок до последниот ден. Тој направи сè за да избегне спор, дури и ги повлече тужбите за вознемирување со цел да ја смири ситуацијата. Во целост, повеќе од 18 месеци бараше исплата на своите плати и бонуси.

Оваа одлука е важен чекор, не само за неговиот личен случај, туку и за сите играчи и вработени во секторот. Станува збор за победа на правото и почитувањето на обврските, а не за личен конфликт, заклучуваат адвокатите.

Да потсетиме, правниот тим на напаѓачот на Реал Мадрид првично бараше дури 263 милиони евра, барајќи, меѓу другото, преквалификување на неговиот договор од определено на неопределено време. За да го оправдаат тој износ, адвокатите на Мбапе се повикуваа на незаконско отказување (44.6 милиони евра), морално вознемирување и скриено работење (двапати по 37.5 милиони евра), како и нелојално извршување на работниот договор (19 милиони евра).

Најголемиот дел од спорот, сепак, се врти околу неисплатените плати и бонуси во износот од 55 милиони евра, кои ѕвездата на Реал ги бараше по напуштањето на Париз во летото 2024 година. Откако не успеа да ги добие преку спортските институции, Мбапе ја побара правда на судот за работни односи.

Парижанскиот клуб, чија противтужба беше одбиена, се определи за стратегија на контраофанзива со барање од неверојатни 440 милиони евра. Тие бараа 20 милиони за нарушување на угледот, 60 милиони поради злонаменско исполнување на спогодбата од август 2023 година, 180 милиони за прикривање на истата спогодба и дополнителни 180 милиони за загубената можност за трансфер на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт на Островот: Гвардиола ја „презема“ големата желба на Ливерпул!?

Манчестер Сити веќе почна со детални подготовки за следната сезона, а во плановите на Пеп …