Дома Фудбал Мбапе го надмина Роналдо, па сега ќе го „лови“ рекордот на Заморано

Мбапе го надмина Роналдо, па сега ќе го „лови“ рекордот на Заморано

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе повторно блесна во дресот на „кралевите“, откако беше клучна фигура во драматичната победа над Леганес со 3-2. Мбапе го постигна победничкиот погодок со прецизен удар од слободен удар, со што уште еднаш ја покажа својата класа.

Со овој гол, напаѓачот стигна до 33 погодоци во својата дебитантска сезона за мадридскиот гигант, израмнувајќи го рекордот на Кристијано Роналдо, кој во својата прва сезона во Реал Мадрид (2009/10) исто така постигна 33 гола по пристигнувањето од Манчестер Јунајтед.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, овој рекорд не е конечната граница за францускиот суперталент. Следна цел на Мбапе е да го надмине легендарниот Иван Заморано, кој во сезоната 1992/93 запиша 37 погодоци на 45 одиграни натпревари, што сè уште важи за најдобро остварување на новајлија во дресот на Реал.

За споредба, Бразилецот Роналдо во својата прва сезона во Реал Мадрид (2002/03) реализираше 29 гола на 43 натпревари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оливие Жиру се враќа во Франција

Оливие Жиру (38) ја заврши својата авантура во Лос Анџелес и се враќа во Европа, конкретно…