Дома Фудбал Мбапе доби еден куп пофалби: Кога е тој тука, сѐ е поинаку

Мбапе доби еден куп пофалби: Кога е тој тука, сѐ е поинаку

Килијан Мбапе постигна нов гол во победата на Реал Мадрид над Алавес со 2:1, и на сите веќе им е јасно дека чудесниот Французин е главниот играч на „Кралевите“.

Килијан Мбапе целосно го засенил Винисиус Жуниор. И додека минатата година владееше трка меѓу нив кој е поважен за тимот, оваа сезона Французинот дефинитивно е тој што го носи тимот на своите рамена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Синоќа погоди против Алавес со феноменален гол во победата од 2:1. За шпанските новинари веќе нема никакви дилеми. Реал со него е сосема друг тим.

Новинарот Томас Ронсеро во изјава за Кадена СЕР истакна дека Килијан едноставно е на друго ниво за сите во клубот.

“Мбапе е како газела. Кога тој игра, тоа е поинаков Реал Мадрид”, вели Ронсеро, додавајќи:

“Тој е друго ниво за сите во тимот”, порака е на шпанскиот новинар.

Чудесен е Мбапе оваа сезона. Во 25 настапи има 27 постигнати гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси повторно ќе игра за Аргентина

Аргентинската репрезентација во фудбал ќе биде домаќин на Гватемала на 31 март во пријател…