Дома Фудбал Мбапе би можел да добие суспензија во Лигата на шампионите поради срамен гест (видео)

Мбапе би можел да добие суспензија во Лигата на шампионите поради срамен гест (видео)

По завршувањето на паузата за репрезентативни настапи, клупскиот фудбал се враќа, а со него и Лигата на шампионите каде што Реал Мадрид ќе се судри со Арсенал.

Се појавија информации дека Килијан Мбапе би можел да биде суспендиран барем за првиот натпревар поради гест кој се смета за непримерен и го изведе за време на прославата по победата против Атлетико Мадрид.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Двобојот помеѓу Реал и нивниот градски ривал беше решен по изведување на пенали. Во моментот на прославата, Мбапе застана пред навивачите на Атлетико и направи гест кој се смета за непримерен, допирајќи се за гениталниот дел.

Во минатото, УЕФА имала реакции на вакви ситуации, што остава простор за можноста Мбапе да биде суспендиран.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал му нуди договор на еден од најважните фудбалери до 2030 година

Арсенал му понуди на стоперот Вилијам Салиба нов петгодишен договор, според кој тој би ост…