На крајот од сезоната Бразилецот Марсело ќе биде слободен агент бидејќи неговиот договор со Реал Мадрид истекува.
Меѓутоа според последните информации Марсело сака да го продолжи својот престој во Мадрид каде што настапува цели 15 години. Најавите од Шпанија се дека Марсело може да потпише двегодишен договор и да прифати намалување на платата, а нема проблем и да биде резерва на Ферлан Менди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсело е спремен да биде и најиско платениот фудбалер во тимот за да остане во Мадрид. Ќе потсетиме, Бразилецот со неодамна освоената Ла Лига стана фудбалерот со најмногу трофеи во историјата на Реал (24). Оваа сезона одигра 17 натпревари во сите натпреварувања.