Дома Фудбал Репрезентации Maнчини: На секој Италијанец ќе му биде тешко да го гледа Светското првенство

Maнчини: На секој Италијанец ќе му биде тешко да го гледа Светското првенство

До Светското првенство во Катар останува уште нешто повеќе од еден месец, стартува на 20. ноември и ќе се игра до 18. декември. Ова ќе биде вторпат во низа Италија да не игра на еден Мундијал, а најголеми „виновник“ за тоа е македонската репрезентација.

Италија го пропушти Светското првенство во Русија во 2018 година, подоцна следуваа подобри денови за нивниот репрезентативен фудбал го освоија Европското фудбал, но потфрлија во финишот од квалификациите и завршија во баражот. Таму за противник ја добија Македонија, а сите знаеме како заврши натпреварот во Палермо.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Роберто Манчини признава дека се уште ги боли поразот и ноември нема да биде лесен месец за Италијанците.

„Месецот кој следи нема да биде лесен за ниту еден Италијанец. Тешко е да гледате две светски првенства на кои не игра Италија, посебно тешко ќе ми биде мене и на стручниот штаб…Мене лично, но мислам и дека на секој Италијанец ќе му биде полесно кога Светското првенство ќе заврши“, изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…