Дома Фудбал Репрезентации Maнчини веќе го планира нападот за против Македонија: Ќе видиме во каква форма е Балотели

Maнчини веќе го планира нападот за против Македонија: Ќе видиме во каква форма е Балотели

Селекторот на Италија, Роберто Манчини на прес-конференција зборуваше за важните натпревари кои ја очекуваат селекцијата на Италија во следниот период, еден од тие дуели е баражот за СП во кој Италија ќе игра против Македонија.

Неодамна, Манчини се реши во репрезентацијата да го врати контроверзниот Марио Балотели и тој би можел да биде во составот против нашата репрезентација.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Балотели очекуваме да ни помогне во техничкиот дел од теренот, но треба прво да видиме дали е во добра физичка состојба“.

Манчини уште сега го планира нападот и до некаде најави како би можеле да изгледаат „аѕурите“ во офанзивниот дел. Шанса како што најави италијанскиот селектор може да добијат Џанлука Скамака, Доменико Берарди и Федерико Бернардески.

„Ќе мораме да го пронајдеме вистинското решение. Има фудбалери кои можат да играат во различни системи, па сметам дека момците ќе имаат проблеми. Веруваме во Скамака, има одлични технички квалитети, игра во одлична форма и постигнува голови, тоа е многу важно кога сте млад. Сепак, до март се може да се случи, но постои шанса да биде прв избор. Како и секогаш се зависи од формата на фудбалерите со која ќе играат во тој момент“.

Проблем за Италија е што Манчини не може да смета на еден од најдобрите во офанзивниот дел, Федерико Киеза кој неодамна се повреди, а од Јувентус потврдија дека ќе паузира седум месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вистински хит се во светот, ќе бидат најмала држава која заиграла на Мундијал, а фудбалери бараат преку – „Линкдин“!

По првото историско учество на фудбалерите од Зелено’ртските Острови на Светското пр…