Дома Фудбал Матета прави изненадувачки трансфер

Матета прави изненадувачки трансфер

Жан-Филип Матета продолжува да сака да го напушти Кристал Палас во јануарскиот трансферен прозорец и неговата желба може да се исполни. Нотингем има испратено понуда за Французинот во вредност од 35 милиони фунти. Се очекува личните услови да не бидат проблем, но „орлите“ бараат финансиски пакет од 40 милиони.

Матета беше поврзуван со неколку клубови овој месец. Астон Вила имаше интерес, а Јувентус направи понуда, но се откажа од доведувањето на него, бидејќи не беше подготвен да ја плати сумата која ја бара Палас. Пред околу една недела играчот им соопшти на „орлите“ дека сака да си замине. Напаѓачот беше стартер во сите 23 натпревари на „орлите“ во Премиер лигата оваа сезона и постигна осум голови. Тој има договор за уште една и пол година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Форест се обидува да се засили во нападот. Најдобриот стрелец на тимот минатата сезона Крис Вуд играше само во осум првенствени натпревари поради повреда на коленото, која наложи операција. Арно Калимеундо, кој пристигна во летото, беше позајмен на Ајнтрахт. Клубот сепак го привлече Лоренцо Лука од Наполи, но сака да земе уште еден играч во оваа зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната сумата што Бруно Фернандес ја бара од Манчестер Јунајтед

Иднината на Бруно Фернандес на Олд Трафорд повторно е во центарот на вниманието. Португале…